По новогодишните празници РК Вардар почнува со подготовките

На 8-ми јануари тренерот Владо Недановски ќе ги повика ракометарите на РК Вардар на прозивка. Се очекува потврда на досегашниот тим а како засилување ќе биде презентиран новиот десен бек од Тунис, Мохамед Тавфик Бакар.

Во меѓувреме започнати се преговорите со Милан Лазаревски и Косуке Јасухира за продолжување на соработката која истекува согласно договорот во јуни 2024 година.

Првиот натпревар што ќе го има Вардар е дуелот во Битола против Еурофарм Пелистер во втората недела на февруари 2024 година.