Реков дека сум доктор и дека на крај ги давам лековите: Таравари ѝ препиша терапија на ДУИ

Откако на првичните изборни резултати освоија 13 мандати, коалицијата „Вреди“ славеше, а Арбен Таравари на Фејсбук испрати порака до ДУИ.

„Реков дека сум доктор и дека на крај ги давам лековите! 2 пати на ден после леб. Помина! Промената завршена! - им порача Таравари на ДУИ преку социјалните мрежи.

ДУИ засега има освоено 18 мандати, а коалицијата „Вреди“ 13 мандати на парламентарните избори.