Реконструиран локалниот пат Миладиновци – Бујковци во Општина Илинден

Извршена е реконструкција на локалниот пат Миладиновци – Бујковци во должина од 1500 метри и широчина 5,5 метри, известуваат од Општина Илинден.

Реконструкцијата е во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици.Се врши поставување на нов асфалтен слој како и решавање на одводнувањето на коловозот што претставуваше главен проблем за оштетување на патот.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски информираше дека потребата за реконструкција на овој локален пат, кој ги поврзува трите населени места, Миладиновци, Бујковци и Мршевци беше поради неговата лоша состојба која го отежнуваше секојдневното одвивање на сообраќајот за граѓаните.

Тој додаде дека финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден, а реконструкцијата на овој локален пат е дел и од Стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022-2026.

- Со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се овозможи квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности, пишува во соопштението на од општинската прес-служба.