Пропадна и третиот јавен повик на Град Скопје за приватните превозници

Пак пропадна јавниот повик на Град Скопје за враќање на приватните превозници во јавниот превоз. Овој беше трет повик, откако на првите два не се пријави ниту еден превозник. 

Денеска на веб страната на Градот беше објавен нов оглас, со идентични услови како и на претходниот.

Се бараат превозници за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. За овиие линии потребни ќе бидат 115 автобуси и 245 возачи.

Огласот е отворен до 24 април.

Засега нема одговор од Град Скопје зошто не е успешен последниот јавен повик.