Починат маж на возраст од 77 години бил пронајден во близина на фудбалскиот стадион во Неготино. Тој бил пријавен дека се оддалечил од својот дом од страна на неговиот син и внуци.
„Вчеравечер околу 22.55 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во близина на фудбалскиот стадион во с.Неготино, гостиварско, бил пронајден починат М.Б.(77) од истото село, за кој претходно неговиот син и внуци пријавиле дека се оддалечил од домот.
Како што соопшти СВР Тетово, смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“