Починат маж пронајден во Гостивар

Утрово бил пронајден починат маж во Гостивар.

- Денеска (13 март) во 10 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Илинденска“ во Гостивар бил пронајден починат М.А.(63) од гостиварско Чегране, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Доктор од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.