Промоција на документарната збирка „Деца на војната“

Во организација на Амбасадата на Руската Федерација и Фондот н ахолокаустот, денеска во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе се одржи промоција на документарната збирка „Деца на војната“.

Од Амбасадата информираат дека „Деца на војната“ е збирка дневници кои ги пишувале советските деца за време на борбата против агресијата на нацистите во 1941-1945 година. Поконкретно, станува збор за потресни документарни сведоштва на децата кои се нашле во концентрациските  логори во Ленинград за време на неговата опсада и на борбениот терен.

Книгата на англиски јазик ја издаде руската издавачка куќа „Аргументи и факти“ во 2016 година, а примероци ќе бидат донирани за библиотеката на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреит од Македонија.

На промоцијата свое обраќање ќе имаат извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикарио, и амбасадорот на Руската Федерација воРепублика Македонија, Олег Шчербак.