[Програма] Викенд настани во Скопје

На Скопско кале денеска и утре ќе се одржи 10. Интернационален мото фест со кој ќе биде одбележана 10-годишнината од формирањето на мото клубот „Ноќни волци“ од Скопје.

Како што најави претседателот на „Ноќни волци“ Ленин Јовановски, на настанот кој е од отворен тип е најавено присуство на моторџии од сите околни земји, но и од Словачка, Чешка и Русија со кои ќе имаат целодневно дружење за време на фестивалот.

– Во рамки на фестивалот в сабота во 17 часот ќе се одржи мото дефиле по улиците на Скопје со кое ќе пратиме порака за поголема безбедност во сообраќајот и ќе обрнеме внимание на сите други ученици во сообраќајот за нашата присутност за да бидеме повоочиливи и да бидат повнимателни кон нас. Цел ни е да укажеме дека моторџиите се една од најранливите групи во сообраќајот, рече Јовановски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека на мото дефилето ќе бидат презентирани сообраќајни поучни видеа и нагласи дека статистиките покажуваат оти останатите учесници во сообраќајот кои учествувале во сообраќајна несреќа со мотоцикл најчесто воопшто не го забележале до моментот на сударот.

Ди-џеј Ицко информира дека музичкиот дел на фестивалот в петок ќе го отвори Дани, а потоа ќе настапи бугарскиот ска состав Uikeda, по што ќе следат домашните рок состави  Dirty Side и Backdoor Band.

Музичкиот дел в сабота ќе го отворат македонските блузери In the Mood, а веднаш потоа ќе следи настапот на италијанскиот состав Achtunng Babies  кој е најдобар кавер или трибјут бенд на групата U2. Фестивалот ќе го затоврат Band X, трибјут бенд на хардрок легендите AC/DC.

Крводарителска акција по повод празникот „Голема Богородица“

Општинската организација на Црвен крст Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и оваа година по 14-ти пат ќе ја реализира традиционалната крводарителска акција по повод празникот „Голема Богородица“.

Општинската организација на Црвен крст Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и оваа година по 14-ти пат ќе ја реализира традиционалната крводарителска акција по повод празникот „Голема Богородица“.

Акцијата ќе се одржи на 28.8.2016 година во Дом на АРМ од 09.00 до 17.00 часот.

Оваа крводарителска акција има долга традиција со голем одзив од страна на граѓаните на Скопје. Се надеваме дека оваа година ќе ја надминеме бројката од 242 крвни единици кои беа реализирани на истата акција во 2015 година.