Прогласени наjдобрите трговски обjекти за 2019 година

Градот Скопје и специјализираната агенција за анализа на квалитетот на услугата по пат на тајни купувачи „SWOT Research“, и годинава ја продолжија традицијата и ги избраа најдобрите трговски објекти во Скопје во рамки на проектот „Месец на трговијата”. Плакетите на најдобрите, денеска ги врачи Александар Богоевски, помошник раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје.

Според оценките избрани се најдобрите три трговски објекти во повеќе дејности, кои ќе добијат признанија за својот квалитет и престиж.  Во сите категории на првото место беа пласирани: Агротехна, Sigma, А1 Македонија, L' OCCITANE, Stilles, Гранап и Bella.

За најдобри трговски објекти за 2019 година се избрани следните:

Категорија „Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома“

1. Агротехна 

2. Сетек         

3. Горење

Категорија „Модни додатоци и накит“

1. Sigma

2. SWAROVSKI

3. ZAF TIME

Категорија „Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема“

1. А1 Македонија

2. ANHOCH PC Market

3. NEOCOM

Категорија „Парфимерии и козметика“

1. L' OCCITANE

2. Yves Rocher

3. Ziaja

Категорија „Салони за мебел“

1. Stilles

2. Југоекспорт Стил

3. DOĞTAŞ exclusive

Категорија „Супермаркети“

1. Гранап

2. Рептил

3. Тинекс

Категорија „Бутици“

1. Bella

2. Bonatti Fiore

3. Lisca