Неколку објекти од проектот Скопје 2014 ќе бидат дислоцирани

Сепак ќе има дислоцирање на споменици.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на денешната прес-конференција најави дека неколку споменици поставено во рамките на проектот „Скопје 2014“ ќе бидат дислоцирани.

Богдановиќ не откри за кои споменици станува збор, ниту пак кога ќе бидат отстранети.