Приказна за животот: Кога ова ќе го сфатиш, ништо никогаш нема да биде исто!

Понекогаш некои луѓе доаѓаат во твојот живот и веднаш знаеш дека требало да влезат, дека има некаква цел, некаква лекција во сето тоа. Никогаш не знаеш кои се тие луѓе, но кога ќе се погледнете во очи, веднаш знаеш дека тие длабоко ќе влијаат на твојот живот. 

И понекогаш ти се случува нешто што на почетокот може да изгледа страшно, болно и неправедно, но на крајот сепак ја откриваш целта на тие ситуации. Затоа што ако не се случиле никогаш не би ја препознале сопствената сила, потенцијал, волја и срце. 

Сѐ се случува со причина. Ништо не е случајно или на среќа. Сите ситуации постојат за да ги тестираат границите на вашата душа. Без овие мали тестови, животот би бил рамна патека која не води никаде. Би било сигурно и удобно, но многу досадно и бесмислено. 

Луѓето со кои се сретнуваш и кои влијаат на вашиот живот и на успехот и падовите кои ги доживувате, ви помагаат да ја обликувате личноста која ќе станете. Може многу да се научи од лошите искуства. Тие се најважни и најдлабоки. 

Ако некој ве повреди, изневери или ви го скрши срцето, простете им, затоа што така сте научиле многу за довербата и важноста да се биде внимателен кога го отвораш своето срце. 

Дозволете секој ден да ви биде важен. Уживајте во секој момент и сфатете дека ниту еден животен момент никогаш нема да се повтори. Разговарајте со луѓето со кои никогаш претходно не сте разговарале и навистина слушајте. Заљубете се, ослободете се и поставете ги вашите цели. Држете ја главата горе, затоа што имате секакво право на тоа. Кажете си себеси колку сте единствени и верувајте во себе, затоа што ако не верувате во себе, тешко дека другите ќе го направат тоа. 

Можете да го изградите вашиот живот по ваш мерак. 

Создадете сопствен живот и живејте го со полни гради и без каење.