Претставници на ЈП „Водовод и канализација“ на саем во Минхен

Претставници на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје од 14 до 18 мај 2018 присувствуваат на Меѓународниот саем за менаџирање на води, отпадни води, груби материјали и отпад – IFAD 2018 во Минхен, Германија.

– На саемот беа претставени најновите технологии и технолошки пронајдоци поврзани со водоводните и канализациските системи. Беа остварени средби и разменети искуства со голем број претставници и производители на водоводна и канализациска опрема, се вели во соопштението.

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека во Љубљана била остварена работна средба со секторските директори задолжени за водовод и канализација на ЈП „Водовод и канализација“ – Љубљана. На средбата било договорено да се интензивира соработката меѓу двете претпријатија со потпишување меморандум за соработка.