Градското кино „Милениум“ вечерва ќе биде домаќин на македонската премиера на филмот на Теона Стругар Митевска „Господ постои, името ѝ е Петрунија“.
Филм кој беше единствен наш претставник во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал.
На премиерата во „Милениум“, режисерката Стругар Митевска ќе има и свое обраќање пред скопската публика.
Филмот доби две престижни награди на „Ecumenical Award“ и „Guild Film Prize“.
Одличен одѕив од публиката и критиката на годинашното Берлинале имаше и главната актерка Зорица Нушева.
Во „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се појавуваат и Стефан Вујисиќ, Петар Мирчевски, Симеон Мони Дамевски и други.