Прекрасни мисли од Фрида Кало: Ништо не е повредно од смеата!

 

Фрида Кало била мексиканска сликарка која постигна светска слава со своите сликарски вештини, но и со својот автентичен изглед.

Животот на легендарната сликарка е полн со тешки и болни моменти. Кога била мала таа боледувала од полио, поради што десната нога ѝ била потенка од левата. Во 1925 година доживеала сообраќајна несреќа во судар меѓу автобус и трамвај, по што имала 32 операции и била врзана за кревет 4 месеци. Фаталната љубов кон неверниот сопруг Диего Ривера ѝ донела нова болка, која ескалирала во спонтан абортус.

Поради својата издржливост, Фрида Кало и денес е симбол на сила и трпение. Како таква, таа може да биде пример за секоја жена бидејќи на светот му покажа за што е способна жената, и физички и емоционално.

Во продолжение прочитајте прекрасни мисли од неа:

„Ништо не е конечно. Сè се менува, сè се движи, сè полетува и одлетува“.

„На крајот на краиштата, можеме да издржиме многу повеќе отколку што мислиме дека можеме.“

„Нозе, за што сте ми вие, кога имам крилја да летам“.

„Сликам автопортрети затоа што често сум сама, затоа што јас сум личноста која најдобро ја познавам“.

„Во животот преживеав две големи несреќи. Едната во која трамвајот ме направи онаква каква што сум, а другата е Диего. Диего беше многу полош“.

„Никогаш не ги сликам моите соништа или кошмари. Ја сликам мојата реалност“.

„Се надевам дека излезот е радосен и се надевам дека никогаш нема да се вратам.“

„Не сум болна. Скршена сум, но сe’ додека можам да сликам, среќнa сум што сум живa“.

„Ништо не е повредно од смеата. Тоа е моќта да се смееш и да се оставиш себеси, да бидеш светлина. Трагедијата е најглупавата работа.“

„Јас сликам цвеќиња за да не овенат.“