Прекрасни мисли кои ќе ве поттикнат да бидете најдобри

Понекогаш на човек му е потребна дневна доза мотивација која ќе го поттикне да продолжи понатаму. Понекогаш сме навистина уморни од секојдневието, милион грижи се наталожени врз нашите рамена и мислиме дека нема излез. Но, можеме да бидеме подобри, можеме да напредуваме, можеме да се издигнеме над лошите мисли.

Денес прочитајте неколку прекрасни мисли кои Ричард Брансон, сопственикот на „Вирџин“, ги издвои и ги стави на својата страна како прекрасни мисли кои ќе ве поттикнат да продолжите да работите на своите соништа.

1 . „Ајде сега да ја создадеме нашата иднина и да направиме нашите соништа да станат утрешната реалност.“ – Малала Јусафзаи

2. „Бегајте од луѓе кои се обидуваат да ги омаловажат вашите амбиции. Малите луѓе секогаш го прават тоа, но оние вистински големи луѓе прават и да мислите дека и вие може да станете големи.“ – Марк Твен

3. „Не постојат ограничувања на умот освен оние кои ние ги признаваме.“ – Наполеон Хил

4. „И патувањето од илјада чекори почнува со еден чекор.“ – Лао Цу

5. „Постојаниот труд, а не силата, ниту интелигенцијата, е клучот за отклучување на нашиот потенцијал.“ – Винстон Черчил

6. „Верувам дека ако имате револуционерен потенцијал, мора да го направите светот подобро место и да го искористите.“ – Лејди Гага

7.  „Едноставно пробувајте нови работи. Излезете од своите комфорни зони и летајте.“ – Мишел Обама

8. „Кога не се чувствувам најдобро, јас се прашувам себеси: „Што ќе направиш во врска со тоа?“ Јас ја користам негативноста за да ја подгреам трансформацијата во подобра јас.“ – Бијонсе

9. „Мислам дека најдобриот совет е постојано да мислиш како можеш да ги подобри работите и постојано да се преиспитуваш себеси“ – Елон Маск

10. „Секогаш изгледа невозможно додека не се направи.“ – Нелсон Мандела