Позитивна приказна на денот: Малата Маргарита вдоми кутре од „Лајка“

Двегодишната Маргарита е најмладиот вдомувач на куче од ЈП Лајка.

Нејзината приказна е победник за позитив на денот. 

Кутрето Теди бараше дом, а сега благодарение на Маргарита и нејзините родители, нема веќе да талка по улиците низ Скопје. 

– Искрено се радуваме на ваквите вдомувања.Го поздравуваме овој гест на родителите кои уште од најрана возраст ја развиваат љубовта и емпатијата кон животните кај својата најмила. Воспитувањето во духот на хуманоста е една од највисоките вредности кои може да се развијат уште во детството на секое дете – велат од ЈП „Лајка“.