Повеќе улици од Чаир утре без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (среда) поради дефект на затварач ф 300 мм на ул.Џон Кенеди бр.25, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Џон Кенеди, ул.380, ул.376, Максут Садик, Јоаким Крчоски, Самоилова и Гинекологија Мајка Тереза – Чаир.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.