Повеќе ДУП-ови, како и тој кај „Треска“, под лупа на антикорупциска

ДКСК ќе разгледува повеќе детални урбанистички планови со цел да се спречат спорни активности со урбанизацијата на главниот град. 

ДКСК притоа информира дека ќе постапува по предмети кои се однесуваат на ДУП „Буњаковец“ со кој се уредува просторот кај некогашната фабрика „Треска“, како и Деталните урбанистички планови за Расадник, ДУП-от во општина Карпош за Градска Четврт 3030, како и ДУП-от за локацијата кај Мајчин дом, во општина Аеродром.