Некој човек постојано се чувствувал притиснат од тегобите на секојдневното живеење, па така се пожалил кај својот духовен учител.
- Не можам веќе. Мојот живот е неподнослив.
Учителот земал малку пепел меѓу прстите и го пуштил во чаша вода. Додека пепелот се мешал во водата, тој рекол:
- Ова се твоите тегоби. Водата го впила пепелот и потемнела.
Човекот не знаел што се случува и што сака да каже учителот.
Учителот потворно земал иста количина пепел и го пуштил во морето. Но, морето не потемнело, а пепелта не оставила никаква трага во морето.
- Гледаш ли? Можеш ли да ја забележиш разликата? - прашал учителот.
Секој ден мораш да одлучиш дали ќе бидеш како чашата вода или морето.