Поставена мобилната болница до Инфективна клиника

Заврши поставувањето на мобилната болница која ќе биде поврзана со Инфективната клиника и со која се дуплира капацитетот за хоспитализација на заразени со коронавирус.

Болницата се состои од повеќе шатори кои се меѓусебно побрзани, а ќе има ходник со кој ќе се поврзе со Инфективната клиника.

Мобилната болница треба да го надополни капацитетот, тоа е болница која ја користи Армијата. Имавме интензивна комуникација со министерката за одбрана и целосно излегоа во пресрет од Армијата, а понатаму градот Скопје што го обезбеди просторот каде таа ќе биде сместена. Сметаме дека треба биде блиску и да се надополни капацитетот на Инфективната клиника, зашто тука е и експертизата и тука е и можноста да ротираат тимовите. Значи ќе има врски со Клиниката, ќе има и соодветни услови, тоалети, тушеви, и кревети. Капацитетот ќе биде 130 кревети. Сегашниот капацитет на клиниката е 110 легла. Сметам дека ќе биде сосем доволен и може да се направи и добар распоред согласно клиничката слика на пациентите, рече Филипче.

Мобилната болница е поставена на просторот, каде што беа бараките на поранешниот студентски дом „Медицинар“, кои Град Скопје ги урна и го уреди просторот.