Посета на психијатар станува секојдневие во Македонија-младите старадаат од панични растројства, повозрасните зависни од лекови

Психијатријата како гранка во медицината, опфаќа превентивни лекување со цел пациентот да се врати во добра психичка состојба, односно личноста да се чувствува подобро и да има поквалитетен живот.

Меѓу причините поради кои најчесто пациентите бараат помош од психијатар се проблемите кои ги носи современиот начин на живот: стрес, фобија, повлеченост, несигурност, недостаток на самодоверба, но и зависностите од лекови, алкохол и дрога.

Ако некогаш посетата на психијатар претставуваше табу-тема, денеска се повеќе граѓани се одлучуваат да побараат совет од стручно лице за своето ментално здравје.

-Некогаш ова навистина беше табу-тема, а луѓето мислеа дека само кај психијатар доаѓаат оние што се душевно болни. За разлика оттогаш, денеска мислењето е сосема спротивно. Не е толку драстично како некогаш, да пациентите се чувствуваат непријатно ако побараат помош од психијатар.  -велат психојатрите.

Иако во глобала кај психијатрите доаѓаат пациенти со невртоски потешкотии, загрижува фактот дека се повеќе млади со панични растројства бараат помош од стручните лица.

-Во глобала доаѓаат пациенти со невротски потешкотии, а секако дека има и душевно болни и зависници од наркотици и алкохол. Но за жал, се обраќаат се повеќе млади, веројатно поради општата ситуација, безработицата, економската состојбата, кои придонесуваат многу често за панични растројства кај младата популација. – потенцрираат тие.

Како што објаснуваат се почести пациенти се повозрасните кои имаат проблеми со зависноста од лекови.

-Тоа се лекови кои луѓето ги користат на своја рака, како лексилиумот и дијазепамот. Веројатно дека не се придава многу значење дека овие лекарства предизвикуваат зависности, а секоја зависност е пропратена со депресија, напнатост и со тресење на телото. Се земаат се поголеми дози од лековите, а кога ќе забележат дека и неколку таблети дневно не им помагаат, тогаш ќе се сетат дека треба да дојдат да побараат стручна помош.

Психолозите сметаат дека општествениот развој носи свои бенефиции и го подобрува квалитетот на живеење, но не ги прави луѓето имуни на секојдневниот стрес, како на работните места, така и во семејството, партнерските релации и во процесот на воспитување на децата.