„Зарем сонцето не нè грее сите“ - нашата прва дама со моќна порака на посетата кај папата

Д-р Елизабета Ѓорѓиевска, првата дама на Македонија, важи за жена со беспрекорен стил, во секоја пригода. 

Таа е постојано активна на хуманитарните акции за помош на сиромашните, а во периодот на ковид-19 постојано се залага докторите и медицинскиот персонал кои се постојано на работа навреме да добијат храна и вода, но и да ги одбележи празниците со нив. 

Изминатиот ден, особено внимание привлече нејзиниот вел, кој го носеше за време на посетата на папата Франциск. 

На него, извезена е пораката „Зарем сонцето не не' грее сите...“ на Св. Кирил, испишана на глаголица.