Поразителни бројки: Околу 50% од децата кои посетуваат градинки во Скопје не се вакцинирани

Бројките на дечиња кои посетуваат градинка а не се вакцинирани се запрепастувачки. Дури 50% од нив немаат примено вакцина за ДиТеПер.

„Тоа е поразителен факт за ова општество. Во текот на вчерашниот ден, вчера ни ги доставија и списоците со невакцинирани и вакцинирани деца. Оваа акција ќе продолжи и понатаму. Директорите на детските градинки ни дадоа уверување дека ќе ги почитуваат мерките, а ние ќе продолжиме со проверките“, изјави Рената Младеновска, директорка на ДСЗИ.

Укажа дека освен градинките, ќе бидат казнувани и одговорните лица, доколку биде затекнато дете кое е невакцинирано. Како што додаде, Инспекторатот не издал мерка вакцинирано дете да седи дома 20 дена, а потоа да замине во градинка.

„Тоа е неточна информација. Од никој од надлежните нема таква соопштена мерка, додаде Младеновска.Околу состојбата во градинките по другите градови, има покриеност со имунизација на ДиТеПер над 95%. Очигледно проблемот ни е тука во Скопје“, информира директорката.