Порака на денот: Живееме само еден живот, зошто да го живееме по туѓи правила?

Живееме само еден живот.

Photo by Marina Montoya on Unsplash

Некогаш мислиме дека тоа ќе биде долго. Постојано одложуваме нешто, си мислиме дека имаме време, но животот ни покажува дека не можеме да живееме по туѓи правила.

Луѓето често се рамнодушни. Живеат ден за ден, не се прашуваат како живеат. Некогаш мислат дека така треба, некогаш пак дека така мораат. Тие ќе нè убедуваат во сè и сешто. Но, не треба да веруваме во сè што ни е кажано, не треба да живееме по туѓи правила. Тие можеби се среќни во својот живот, но и навистина да се, не би навлагале во туѓи животи. Не обрнувајте внимание на нив. 

Вие сте одговорни за вашата среќа, затоа откријте самите што ви носи среќа и опкружете се со она што ве прави среќни. Зграпчете ги работите што ги сакате и држете се за нив без извинување. 

Продолжете да им го покажувате срцето на луѓето, без оглед на недостатокот на реципроцитет, во спротивно ќе ја изгубите вредноста. Личноста која е предодредена за вас ќе се заљуби во вашето срце, а не во вашата сенка. Имате шанса во овој живот и си должите да живеете правилно. Кога чувствувате нешто, почувствувајте го длабоко; од врвовите на прстите до стапалата. Кога луѓето ќе ви кажат дека немате надеж за нешто, кажете им дека светот без надеж е како без светлина. Кога сте обесхрабрени да го кажете своето мислење, зборувајте уште погласно.