Без оглед на тоа каков човек сте и што правите во животот – вие сте сакани.
Без оглед на вашето минато, вашите грешки и погрешни избори – вие сте сакани.
Без оглед на тоа што имало луѓе кои не се однесувале добро кон вас и кои ве повредиле, знајте дека тоа се само исклучоци, затоа што вие сте сакани.
Понекогаш влегуваме во лош круг на лоши мисли кога мислиме дека сме сами и дека немаме никој, но добро отворете ги очите и ќе видите колку многу луѓе ве сакаат.
Само затоа што сте решиле да се фокусирате на неколку лоши примери, не значи дека тоа е така за сите луѓе во вашиот живот.
Вие сте сакани, верувајте во тоа и така и ќе биде!