Порака на денот: Скршените ветувања се најдобар начин да се уништи еден однос

Постојат луѓе кои постојано ветуваат нешто, но многу ретко ги исполнуваат своите ветувања.

Photo by CHUTTERSNAP on Unsplash

Секој од нас прекршил некое ветување во својот живот, но некои го прават тоа почесто од другите. Зошто?

Тоа е така бидејќи луѓето кои постојано ветуваат нешто, не сметаат дека должат нешто некому. Тие често и мислат дека лесно се заборава она што тие рекле дека ќе го направат. Но, не сфаќаат дека односите се градат на основа на доверба, доследност, исполнети ветувања, а не постојани разочарувања.

Тие понекогаш не сфаќаат дека со своето однесување ги разочаруваат луѓето. Но, она што треба да го знаете ако сте во таа група на луѓе, а го читате овој текст е дека ветувањата се вредности кои ги градиме со другите луѓе. Кога некој ќе вети нешто и тоа го исполни, ние се чувствуваме сакано и ценето. Кршењето на ветувањата е најдобар начин да се уништи еден однос. Тоа е особено вистина кај оние луѓе кои постојано го прават тоа.

Страв да се каже НЕ

Немаат сите луѓе лоша намера. Некои луѓе ги кршат своите ветувања бидејќи не се доволно асертивни. Тие не можат да кажат НЕ, а потоа кога треба да го исполнат ветувањето, тоа им станува товар. Во оваа ситуација, важно е да поставите граници, но и да преземете одговорност ако сте рекле дека ќе направите нешто. 

Себичност

Други луѓе пак воопшто не ги интересира како се чувствувате ако тие прекршат некое ветување кое ви го дале некогаш кога биле во друго расположение. За нив е поважно тоа како тие се чувствуваат, отколку разочарувањето кое можеби кај вас би го предизвикале. Но, прекршеното ветување е скршена доверба. Не треба да очекувате дека постојано ќе го правите тоа, а другата личност само ќе чека на вас.