Порака на денот: Оној кој седи на две столици, најчесто завршува на подот

Некои луѓе веруваат дека можат да си играат со другите луѓе и дека тоа ќе помине неказнето.

Photo by Iris Wang on Unsplash

Но, порано или подоцна, личноста која седи на две столици, ќе заврши на подот. Тоа е законот кој функционира за сите оние кои се себични. 

Сите знаеме луѓе околу нас кои можеби имаат сè што ќе посакаат, но не се задоволни. Така, тие сакаат повеќе и повеќе. Така, избираат трета личност, се заплеткуваат во љубовен триаголник и мислат дека тоа ќе ги направи живи и задоволни. На момент, можеби ќе бидат среќни. Но, ваквите луѓе не помислуваат на штетата која им ја нанесуваат на другите. 

Но, ниту еден однос не е вечен. Кога одредена личност решава да ве повреди со трета личност, тогаш таа ќе продолжи да го прави тоа во текот на целиот живот. Никогаш нема да биде задоволна со нешто. Во таков случај, повредени сте, мислите дека е крај на светот, мислите дека сте изгубиле некакво големо богатство, но со текот на времето, кармата си го прави своето и овие луѓе седејќи на две столици, паѓаат од нив и завршуваат сами на подот.

Така е и во пријателствата. Некој кој си игра со вас, мислејќи дека секогаш ќе биде тука за него, а во меѓувреме, си бара задоволство и радост со други можеби позабавни личности, најчесто ве губи засекогаш во сета таа игра. 

Никој не е должен да чека да биде избран. Никој не сака да биде „втора виолина” во одреден меѓучовечки однос. Но, животот има свои некои правила со кои ги казнува овие луѓе. Порано или подоцна.