Во текот на животот запознаваме многу луѓе, некои од нив ги забораваме за неколку минути, а со некои од нив го поминуваме поголемиот дел од животот.
Случајности не постојат. Сите тие имаат своја цел, лекција или предупредување и сите тие влијаат на нас:
Оние кои треба да нѐ разбудат и оние кои носат многу промени.
Оние кои нѐ потсетуваат дека треба да се вратиме на вистинскиот пат.
Оние кои ни помагаат во нашиот развој и истовремено се инспирација и предизвик.
Оние кои го одржуваат просторот, а тоа може да биде некој кого го познаваме или сретнуваме само за момент.
Оние кои остануваат, а тоа е семејството, пријателите, сродните души...
Постојат и оние кои не припаѓаат во ниту една од овие категории. Тие се вистинска љубов и тие во нас ги оставаат најдлабоките траги.