Порака на денот: Некои луѓе во нас будат нов живот

Еден ден во вашиот живот ќе пристигне личност која во вас ќе пробуди сосема нов живот.

Photo by Dim Hou on Unsplash

Ќе престанувате да гледате на часовникот, ќе уживате во секој момент со нив и ќе се прашувате каде биле досега. 

Во вашиот живот ќе дојдат луѓе со кои ќе престанете да се прашувате колку е часот, бидејќи овие луѓе ќе ве научат дека овој сегашен момент може да стане мала вечност доколку во него има доволно љубов, разбирање и внимание. Ќе ве научи дека вашите соништа не се само облак од магла, туку реалност за која вреди да се борите до последниот атом на силата. Кога ќе дојдат тие луѓе, прегрнете ги, отворете им ја душата и знајте дека тоа се луѓето кои ќе се борат за вас и во вашите најтешки моменти. Вредноста на таквите луѓе е неизмерна.

Во вашиот живот ќе влезат луѓе на кои без многу прашања ќе почнете да им ги откривате најдлабоките работи кои ви лежат во душата, бидејќи ќе разберете дека можете да им кажете сè и тие нема да ве осудуваат за ништо.

Тоа се луѓе кои ќе ви помогнат да разберете дека сами го избирате својот пат, луѓе кои ќе ве потсетат дека имате срце, огромно срце како планина и затоа не треба да размислувате што ќе кажат другите пред да планирате направи нешто. Со такви луѓе, ќе сфатите дека малите моменти што ги имате го прават животот голем и ќе престанете да се преправате дека тие ништо не ви значат. Ќе им покажете колку се важни тие во вашиот живот. 

Еден ден во вашиот живот ќе влезат луѓе кои ќе ја допрат вашата храброст и ќе се запрашаат дали имате храброст да живеете како што сте сакале, без да смислувате поинакви оправдувања и изговори со кои сте се залажувале за половина живот. На тој начин ќе се сакате и себеси повеќе и ќе почнете да живеете поинаку, како да почнувате сосема нов живот.