Порака на денот: Не ви се потребни луѓе кои вашата добрина ја гледаат како слабост

Некои луѓе ќе ви кажат дека не е добро да се биде добар.

Photo by Mohamed Nohassi on Unsplash

Постојано ќе ве убедуваат дека добрината е слабост и дека најдобро се успева во овој свет на поинаков начин. Но, не им верувајте.

Ако сте добра и љубезна личност, вие можеби сте реткост на овој свет, но всушност вие сте редок дијамант. Кога луѓето во вас гледаат добрина, а во себе тешка и лоша енергија секогаш ќе ви речат дека не треба така. 

Што и да се случи во животот, секогаш ќе биде важно:

  1. Да бидеме љубезни кон своите сакани, но и оние кои не ги познаваме.
  2. Да не осудуваме и секогаш да се ставиме во туѓи чевли пред да донесеме некаков суд.
  3. Да бидеме внимателни о полни со разбирање
  4. Да им помагаме на другите без да очекуваме награда или пофалба.

Ако сте личност која ги има овие карактеристики, а другите се обидуваат да ве убедат дека тоа е погрешно, не се менувајте за нив. Бидете тука за оние кои ги сакате, секогаш и секаде. Но, ако некој ја користи и злоупотребува вашата добрина, не морате да продолжувате да ја „трпите” таа личност, туку секогаш фокусирајте ја својата енергија на оние кои го заслужуваат тоа.

Не можете да ги спречите другите луѓе да бидат нељубезни и дрски, но можете да се оддалечите од нив. Ако некој нема слични вредности како вас, тогаш што би правеле со таа личност?

Запаметете дека никому не должите ништо, а добрината и љубезноста се секогаш најдобрите карактеристики кои некој може да ги има.