Порака на денот: Кога се сакате себеси, другите ќе го следат вашиот пример

Животот е краток, а ние многу често не сме свесни за тоа.

Photo by Pablo Merchán Montes on Unsplash

Го живееме како да сме некоја машина, повторуваме некои лоши навики постојано и се прашуваме зошто не ни оди. Но, некогаш потребно е само да сфатиме неколку едноставни нешта, за да можеме да ги промениме работите на подобро.

Нашиот живот вреди со самото тоа што сме живи

Тешко е да го сфатиме тоа, но со сите конфликти, војни и катастрофи во светот, убаво е да се потсетиме дека сме среќни што сме живи. Животот ни нуди многу можности,  а ние некогаш се однесуваме како да ни е даден на подарок и се жалиме на сè и сешто.

Кога се сакате себеси, другите ќе го следат вашиот пример

Кога ја знаете својата вредност и се сакате себеси, тогаш и другите ќе ве сакаат на ист начин. Љубовта кон себеси е најважното нешто што може да си го дадете себеси на овој свет. 

Одвојте време за себеси, што и да се случува

Ако некогаш мислите дека немате доволно време, сетете се дека имате исто толку време во денот како и Микеланџело, Моцарт и Тесла. Не морате да постигнувате големи дела, но важно е да одвоите време за себе и секој ден свесно да го правите тоа.

Посветете време на луѓето кои ви се најважни

Можете да постирате фотографии и статуси на социјалните мрежи, да пишувате за љубовта и грижата за саканите, но вистинската грижа е онаа која им ја давате во моментот кога сте до нив. Давајте ја таа љубов постојано, без размислувања и воздршки.

Среќата раѓа повеќе среќа

Кога сте среќни, тогаш вашиот живот се менува. Размислувате позитивно, ги забележувате малите нешта околу вас и постојано свесно се трудите и живеете со размислувањето дека ја заслужувате среќата која ја имате.