Поради технички зафати дел од Карпош без струја

ЕВН Македонија, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од општина Карпош.

Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од улицата Никола Парапунов бр. 1 (јужната кула кај стара телевизија) и бр. 11 (зградата спроти бурекџилница Сараево) во општина Карпош ќе останат без струја.