Пониква станува се побарана и поатрактивна за љубителите на зимскиот туризам

Сместувачките и угоистителските капацитети на Пониква викендов беа максимално искористени и исполнети. Викендов можеа да се забележат возила со регистарски ознаки на градови и од Западна Македонија, а најмногу од Скопје.

Една од главните причини за тоа беше снегот што падна изминатата недела и кој донесе голем број посетители во планинскиот рекреативен центар. Тоа им овозможи да уживаат во прекрасната зимска идила. 

Гости имаше и од Кочани, но и од други градови од регионот и пошироко. Помладите и повозрасните беа задоволни што конечно имаат можност да уживаат во вистинскиот зимски пејсаж.

Освен во сопствена режија, дел од посетелите на Пониква имаат и организиран престој во некој од сместувачките капацитети. Најмладите се задоволни што освен класичното зимување имаат можност и да научат да скијаат.

Пониква на преубавите Осоговски Планини, од сезона на сезона станува се побарана и поатрактивна за љубителите на зимскиот туризам од целата наша земја.

Радува фактот што се повеќе посетители ја бараат Пониква како туристичка дестинација и како еден од најубавите спортско-рекреативни центри во Македонија.

Еве какво беше на Пониква викендов. 

 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Леона Постоловa (@leonapostolova) on

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Krstevski Igor (@igor.krstevski) on

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Maya Gasem (@mayagasem) on

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kristina Kitanova (@kkitanova06) on

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @r.trpkov on