Полицијата се „растура“ од апсење на лица кои поседуваат дрога

Во текот на вчерашниот ден полицијата буквално се растурила од апсење на лица кои поседуваат дрога. И ова вака е речиси секојдневно. Од билтенот на МВР дознаваме дека само во текот на вчерашниот ден се уапсени 12 лица кои поседувале дрога

19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица

 - во 18.15 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

- во 19.10 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода И.Т.(23) од Виница затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

- во 21.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Л.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

- во 22.00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Р.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

- во 22.05 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода две малолетнички од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и нож.

- во 23.20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода А.М.(20) од Гевгелија затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

- во 23.55 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

- на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници  од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Во сите овие случаи полицијата вели дека по целосното документирање против сите овие лица ќе биде поднесена соодветна пријава.