Полицаец нападнат пред угостителски објект во Скопје

44-годишен скопјанец нападнал полицаец на дожност пред угостителски објет во Скопје. 

Како што соопштија од МВР, СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Б.(44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.

- На 18.02.2024 пред угостителски објект во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, известија од МВР.