Кривична пријава против член на обезбедувањето на заменик министер во МВР, нападнал свои колеги во кругот на Клиничкиот центар во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на својот профил на социјалните мрежи објави дека е поднесена кривична пријава, дисциплинска постапка и времено отстранување од работа за полициски службеник – обезбедување на заменик министерот Назим Буши кој минатата година, нападнал и физички повредил полициски службеници во кругот на Клиничкиот центар во Скопје.

Тошковски објави дека одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапила и целосно го расчистила случајот кој минатата година беше во интерес на јавноста и за кој пишуваа медиумите.

“ Станува збор за случајот во кој полицискиот службеник С.С. вработен во Одделот за обезбедување на определени лица и објекти, распореден на работно место - обезбедување на заменик министер во МВР, во кругот на Клиничкиот центар нападна и притоа физички повреди, полициски службеници, кои вршеле спровод на лице со висок ризик со КПУ „Идризово“. Имено, во гореспоменатиот случај, полицискиот службеник, со физичкиот напад се обидел да изврши попречување во вршење на работните обврски кон полициските службеници, воедно навредувајќи ги со недолични и погрдни зборови“ напиша Тошковски

За посочениот полициски службеник, од страна на Министерството за внатрешни до ОЈО поднесена е кривична пријава, а Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка и воедно достави предлог за негово времето суспендирање од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност стои во објавата на Тошковски