Подобрување на патната инфраструктура во општина Илинден

Градоначалникот Александар Георгиевски кажа дека подобрување на патната инфраструктура и добивање на безбедни сообраќајници за сите жители на општина Илинден е негов врвен приоритет.

- Изминатиов период продолжува градежната офанзива на целата територија на нашата општина, каде на повеќе локации се пробиваат нови улици, во урбаниот дел, како и во делот кој е вон урбаниот предел (земјоделски површини), соопшти Георгиевски.

Нови улици биле пробиени на неколку населени места:

- Пробиени улици во Ајватовци во должина од над 100 метри;

- Пробиени улици во пределот околу Јака во должина од 240 метри;

- Пробиени улици во местото Оргаѓе во должина од над 180 метри;

- Пробиен нов земјоделски пат покрај железничката пруга во Плац во должина од 170 метри.