Во организација на Град Скопје и Музејот на град Скопје денеска ќе почне со работа 11. Меѓународна ликовна колонија Скопје 2016.
На Ликовната колонија ќе учествуваат десет академски уметници, припадници на различни генерации и творечки определби кои живеат и создаваат во различни средини од Македонија, Франција, Србија и Бугарија.
Колонијата ќе трае до 1 септември, а ќе се одржува во Музејот на град Скопје и хотел Солун.