Пет кратки реченици и фрази преку кои ќе препознаете извонреден манипупатор

Сите сме се соочиле со манипулатори во животот и многу често предоцна го забележуваме тоа, кога тие веќе ја направиле штетата. Но, она што е добро, што тие можат да се препознаат преку одредени фрази и реченици и на тој начин човек навремено да ги забележи и да се дистанцира за да го сочува својот мир. Еве на кои фрази треба да внимавате, секако во комбинација на однесувањето и целокупниот контекст на врската:

„Не претерувај“

Честопати манипулаторот ќе ви каже дека претерувате само за да ја префрли топката кај вас и да се извлече од објаснување. Тој се надева дека ќе ви предизвика грижа на совест и дека ќе се повлечете од понатаношни дискусии. 

„Не биди драматичен/а“

Откако ќе ви кажат да не претерувате, ќе ви кажат и да не драматизирате. Овие две работи и фрази се поврзани и често одат рака под рака. А всушност обично тие се оние кои се драматични.

„Не биди толку чувствителен/а“

Со ова ви става на знаење дека не ги цени доволно вашите чувства и целта е да направи да се чувствувате глупаво поради своите чувства. Вашите чувства СЕ валидни и оној што навистина ве цени ќе ги зема секогаш предвид.“

„Не биди луд/а“

Кога ќе ги фатите во лага, манипулаторите обично веднаш почнуваат да напаѓаат, па така често може да чуете како ви велат дека сте луди, особено кога имате претчувство, па дури и доказ дека ве манипулираат. 

„Не ме сфаќај погрешно“

Честопати однапред ја кажуваат оваа фраза, добро знаејќи како и на кој начин ќе ја сфатите, но тие така се надеваат дека ќе избегнат одговорност за она што го кажале.