Овој хороскопски знак на сите им оди на нерви!

Некои луѓе се едноставно досадни и на некој начин успеваат да ја извлечат целата живост од она што ги опкружува. Што е најинтересно од се нив ги поврзува истиот хороскопски знак. 

Девиците се прогласени за најголеми злопамтила и ситничари. Нивната ситничавост и односнот кој го градат со луѓето околу нив, често е причина луѓето да сакаат да избегаат од нив и никогаш да не се вратат. Девиците се, спореде хороскопот, како слонови, никогаш не забораваат и не им е непријатно одново и одново да ве потсетуваат на моментот кога сте им направиле нешто лошо, па дури и ако тоа се случило пред „100 години“. 

Она кон што тежат е совршенство во животот, но никако да разберат дека првин треба да поработат на себеси. Тие се вистински безгрешници кога се работи за постапките на другите луѓе, но никако да ги забележат своите маани. Од друга страна уживаат во сексот, што е нивен издувен вентил, но тоа никогаш не го признаваат. Сепак хороскопот ги генерализира луѓето и не смееме да заборавиме дека не се сите исти.