Овој дел од Скопје утре без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (четврток) поради уличен дефект на ул. Струшка 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Струшка и дел од Јуриј Гагарин.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.