Овој дел од Скопје утре без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (среда) поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа од ф-150 мм на ул. Рилски Конгрес бр. 1 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Партенија Зографски и дел од ул. Белградска.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.