Овие делови од Скопје утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре (петок), без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 09:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од село Орешани, од пругата кон село Таор (општина Зелениково) и

- во периодот од 10:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат од Побожје (општина Чучер Сандево).