Ова е голем напредок, има и такви кои ќе го протуркаат цел мандат без да сватат на што биле директори

Директор на Бирото за метрологија Авдуљ Селам Селами е хит на социјалните мрежи откако јавно призна дека до пред некое време мислел дека метрологијата е наука за времето.

– Метрологијата е наука за мерењата, метрологијата нема врска со временска прогноза во која што и јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето, рече Селами пред присутните по повод свеченоста за одбележувањето на Светкиот ден на метрологијата.

Селами инаку е кадар на ДУИ и поранешен заменик-директор на УЈП, а по професија е дипломиран правник.

Од вчера не стивнуваат реакциите за „јавното признание“ на директорот кој за прв пат се појавува во јавност и тоа веднаш со „гаф“, но и за тоа какви кадри ги превземаат раководните функции во државата.

Еве дел од досетливите коментари на социјалните мрежи:

- Кој признава, половина му се простува. Честито функција!

- Е ова е веќе нешто, човекот барем прочитал каде доаѓа на функција, се заинтересирал, покажал амбиција!

- Видеото е епско!

- Ова е голем напредок, има и такви кои ќе го протуркаат цел мандат без да сватат на што биле директори.

- Ова што се случува е стварно смејурија, меѓутоа вакви кадри ја доведоа државава до ивица на колапс. Установи кои ги водеа стручни ,образовани луѓе од струката сега ги управуваат партиски кадри кои и не знаат што работи установата. Ова одамна веќе не е ни смешно.