Отворени нови работни места во Пивара Скопје... Огласот важи за повеќе градови

Отворени се нови работни места во ПИВАРА СКОПЈЕ:

1. ОГЛАС ЗА РАБОТА: МЕНАЏЕР ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи и наменски обуки.

Што е тоа што бараме:
Висока стручна подготовка ВСС (Машински факултет, ФЕИТ, Градежен факултет, Технолошко-металуршки факултет); Интердисциплинарни студии по безбедност и здравје при работа
Најмалку 3 години работно искуство во областа на безбедноста и заштитата при работа
Добри организациски способности
Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим
Способност за работа во кратки временски рокови и работа под притисок
Сертификати: положен стручен испит за здравје и безбедност при работа; пожелно е да се има стручно оспособување за управител со отпад
Одлично познавање деловен англиски јазик
Одлично познавање MS Office

Краток опис на основните одговорности:
Управува со сите активности и резултати во областа на безбедноста и здравјето при работа и заштитата на животната средина. Гарантира развивање и спроведување иновативни политики, процедури и системи за ефикасно управување со цел да се обезбеди сигурност на луѓето, на имотот и на капиталот на компанијата како општествено одговорна.
Гарантира спроведување мониторинг на законската усогласеност на интерните правила на компанијата за безбедност и заштита при работа, како и заштита на животната средина.
Развива и имплементира систем за контрола на употреба на лични средства за заштита при работа и ПП-заштита од страна на сите вработени во компанијата.
Одговорен е за ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001 итн.
Подготвува извештаи за работа на Одделот и статистичка евиденција за забележани неправилности.
Ги советува, ги води и ги упатува вработените во компанијата во врска со стандардите и процедурите на компанијата за безбедност и заштита при работа, како и за заштита на животната средина.
Ги анализира политиките и процедурите и советува во врска со нивното менување со цел да се обезбеди усогласеност со законската регулатива, корпоративните барања и стандардите во областа.
Развива и спроведува програми за обука на вработените во компанијата во делот на употребата на заштитни средства, спроведување на мерките за заштита на животната средина, заштита при работа и ПП-заштита.
Ја управува и ја контролира работата на вработените во одделението и одговара за градењето и развивањето подготвен и сигурен тим.

Како да се аплицира:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации може да аплицираат тука, најдоцна до 13.12.2016.

2. ОГЛАС ЗА РАБОТА: КООРДИНАТОР ВО МАШИНСКО ОДРЖУВАЊЕ

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи и наменски обуки.

Што е тоа што бараме:
Висока стручна подготовка ВСС – Машински факултет
Најмалку 2 години работно искуство во областа: техничко одржување индустриска опрема и машини
Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим
Способност за работа во кратки временски рокови и работа под притисок
Одлично познавање деловен англиски јазик
Одлично познавање MS Office

Краток опис на основните одговорности:
Одговара за квалитетното планирање на активностите во Секторот за одржување, спроведување машински поправки и одржување на опремата и машинските инсталации во производството и објектите на локацијата.
Обезбедува ефикасна организација и управување на машинското одржување. Анализира и решава проблеми со машински дефекти.
Организира и спроведува квалитетно извршување машински поправки и одржување на машините во производство и во Одделот енергетика.
Организира активности во сите сегменти наведени погоре (енергетика, машинско одржување) и во други објекти од производствен и непроизводствен карактер во кругот на компанијата.
Одлучува и презема иницијатива за поправка на машини и средства, одговара за нивно правилно фунционирање по интервенцијата и гарантира безбедност на работната сила.
Активно учествува во реализација на планови за превентивно одржување, ремонти и извршување машински зафати според потребите.
Врши монтажи на нови машини и опрема, спроведува проекти и изведување машински инсталации.
Дава предлози за можни измени и иновации во врска со машините и опремата. Дава предлози за инвестирање во нова опрема и имплементира нови системи и методи за унапредување на постојната опрема.
Се придржува кон барањата примени од претпоставениот во однос на професионална дејност во текот на работата и процедурите за безбедно работење и одговорност.
Подготвува извештаи за својата работа според пропишаните процедури.
одржува добри релации со своите колеги и претпоставени во Одделот и во останатите сектори.
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 07:00 до 15:00 часот.

Минималната основна бруто-плата за ова работно место е 46.064 МКД. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 60 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со испраќање на оваа апликација давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Како да се аплицира:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации може да аплицираат тука, најдоцна до 13.12.2016.

3. ОГЛАС ЗА РАБОТА: КОМЕРЦИЈАЛИСТ – УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ ЗА ТЕРИТОРИЈА ОХРИД, ШТИП, СТРУМИЦА, БИТОЛА, ПРИЛЕП И ГЕВГЕЛИЈА
Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи и можности за личен и кариерен развој.

Што е тоа што бараме:
Висока стручна подготовка (ВСС) ќе се смета за предност
Возачка дозвола Б-категорија
Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point)
Добро познавање на англискиот јазик
Чувство за однесување со клиенти

Краток опис на основните одговорности:
Спроведување дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и на пазарот;
Дневна комуникација и градење долгорочни односи со купувачите и со дистрибутивната мрежа;
Обезбедување соодветна присутност и изложеност на производите согласно со стандардите на компанијата;
Истражување и разрешување поплаки од клиенти;
Генерирање и проследување нарачки до производителот;
Собирање и анализа на податоци за продажбата, изготвување прегледи и извештаи за продажбата и производите;
Подготовка на соодветна документација за продажба;
Давање насоки на клиентите за употреба на производите.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Минималната основна бруто-плата за работното место е 25.000,00 МКД плус варијабилен дел во износ кој зависи од исполнувањето на поставените цели. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со испраќање на оваа апликација давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Како да се аплицира:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации може да аплицираат тука, најдоцна до 13.12.2016.