Општина Кисела Вода денеска започнува со изведување на градежни активности на дел од патот за Теферич

Општина Кисела Вода денеска ќе започне со изведување на градежни активности на дел од патот за Теферич.

Предвидено е градежните работи да се одвиваат два месеци.

Општината апелира до сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање, додека на улицата се извршуваат градежните активности.