Што беше сработено изминатата работна седмица во општина Аеродром?

Што беше сработено изминатата работна седмица во општина Аеродром?

Зад нас имаме уште една недела исполнета со напорна работа, вели градоначалникот Тимчо Муцунски кој сподели на што се работеше локалната самопрвата изминатите денови. 

- Зимските служби на Општина Аеродром во текот на оваа недела неколку дена деноноќно работеа на чистење на снегот

- Ги саниравме последиците од обилните врнежи со снег

- Организирана акција за донирање крв во соработка со Црвениот крст на Република Македонија

- Се уредува патот меѓу Горно и Долно Лисиче

- Донесена одлука за реконструкција на три улици во Населба Лисиче

- ОУ „Блаже Конески“ ќе добие нова фасада

- Поддршка за спортот: Остварена средба со играчите на РК Вардар, поддршка и за КК МЗТ Скопје преку сите механизми со кои располага Општината

- Започнуваме акција за санација на сите оштетени тротоари: саниран тротоарот кој се протега од комплексот „Џевахир“ до ул. „Васко Карангелески“, наведува Муцунски во својата објава на фејсбук.