Општина Карпош со финансиска помош за традиционалната прослава за Свети Атанасиј

По повод предстојниот празник Свети Атанасиј, кои жителите на Влае, Злокуќани и Пецо Божиновски-Кочо, традиционално го чествуваат овој голем ден, Општина Карпош финансиски ги поддржа со сума од 30.000 денари за потребите на целосната организација.

Имено, советниците на Општина Карпош, ја одобрија бараната сума за поддршка на прославата на празникот, и со тоа на 31 јануари, жителите на трите урбани заедници ќе организираат пригодна славска посна трпеза, информираат од локалната самоуправа. 

Овој православен празник се одбележува секоја година во Влае, Злокуќани и Пецо Божиновски-Кочо.