Општина Аеродром го слави 19. роденден - најмладите го направија денот посебен

Аеродром е општина која инвестира во децата и младите. Преку низа проекти и инвестиции во изминатиот период општината покажа грижа за нив и овозможи подобри услови за спорт, рекреација и едукација, велат од локалната самоуправа. 

- Токму во духот на младост и радоста, со неколку настани и различни спортски и музички активности,  денес се одбележа 19. роденден на општината. Во нив учество зедоа учениците од основните училишта и детските градинки, а Аеродром уште еднаш покажа дека е најубавата, најурбана и најспортска средина, а аеродромци се учат да ја чуваат и негуваат уште од најмали нозе, додаваат оттаму. 

Градоначалникот Тимчо Муцунски преку социјалните мрежи го честита јубилејот, притоа упати благодарност до сите кои учествува во активностите и го направија овој ден посебен.

- Пораките изработени од учениците од основните училишта и градинките, а кои се однесуваат на желбата за поубава, позелена и почиста општина, ќе останат највисоко во приоритетите на Општина Аеродром, порача тој.