Омразата и караниците нè носат кон нова трагедија, вели босанскиот министер за безбедност

Наставник по англиски јазик е тешко повреден во пукање кое се случи утрово во основно училиште во Босна и Херцеговина, а министерот за безбедност Ненад Нешиќ вели дека мора да реагираат сите надлежни институции.

-Барам реакција од сите институции. Немаме повеќе време за чекање. Мора да реагираме. Очигледно омразата, караниците и конфликтите нè носат кон нова трагедија. Очекуваме реакција. Мора да преземеме соодветни мерки, вели Нешиќ.

Босанските медиуми претходно објавија дека ученикот утрово го застрелал наставникот во знак на одмазда.